За период од 10 работни дена (16 до 29 јули годинава) ЕСМ како нарачател склучи договори со повеќе компании за распишаните 51 тендер.
Најголем број од тендерите се за услуги, односно за ремонтни активности –
ангажмани на фирми за т.н. специјализирана работна рака.
Вкупната сума на тендерите изнесува 15.464.743 милиони евра. Од нив, 39
тендери се за ремонтни активности на трите блока на РЕК – „Битола“, при
што комбинатот има обврска во висина од над 10 милиони евра.
Следниве компани ги добиле тендерите на акционерското друштво за
производство на електрична енергија ЕСМ во државна сопственост – Скопје.
– Седум тендери во вкупна вредност од 5.993.317 милиони евра добила фирмата „Марковски компани“ Борче ДООЕЛ увоз-извоз – Битола.
– Компанијата ЕЛ-ТЕ инженеринг Горан и др. ДОО експорт-импорт – Скопје
доби пет тендери во вкупна вредност од 2.371.209 милиони евра
– Битолската компанија „Монтинг инженеринг“ ДОО – Битола доби три тендери во вредност од 1.521.950 милиони евра.
– Друштвото за услуги, производство и трговија ШКОРПИОН ГРУП увоз-извоз
ДООЕЛ – Битола доби три тендери во висина од 450.230 илјади евра.
– Друштвото за производство, одржување и монтажа ПОМ-АКВА ДООЕЛ
увоз-извоз – Битола доби два тендера во висина од 753.795 илјади евра,
– Два тендера доби компанијата „ЈУ СМ“ ДООЕЛ експорт-импорт с. Гургурница – Брвеница во вредност од 0,9 милиони евра.
– Компанијата Спектар Термо ДОО – Скопје доби еден тендер во вредност од 1,6 милион евра.
Во РЕК добија тендери уште десетина домашни компании.